ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА РЕСПИРАТОРИ, НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВИ ПО ИТНА ПОСТАПКА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ПОНИШТЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА РЕСПИРАТОРИ, НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ МОЖЕ ДА ГИ ДОСТАВИ ПО ИТНА ПОСТАПКА, КАЖА ФИЛИПЧЕМинистерот Венко Филипче кажа дека ќе даде предлог на Владата да ја спроведе постапката, но напомена дека земјава има доволен број респиратори засега.(Фото: Влада)

    Министерството за здравство ќе го поништи тендерот за набавка на респираторни машини бидејќи не можат да се достават по итна постапка. Министерот Венко Филипче кажа дека сега ќе даде предлог на Владата да ја спроведе постапката, но напомена дека земјава има доволен број респиратори засега.

    „Денеска заврши јавната набавка на респираторни машини. Иако успеавме да постигнеме релативно добра комерцијална цена од 16.000 евра, ниту еден економски оператор не можеше да го задоволи критериумот за итна набавка. Заради тоа постапката во тој дел ќе се поништи. Министерството за здравство ќе даде предлог до Владата да ја спроведе истата“, рече Филипче.

    Филипче кажа дека на денешниот редовен состанок на Комисијата на заразни болести, предложени се нови дополнителни мерки кои попладневно ќе се разгледуваат на седница на Владата.

    „Предложени се нови мерки бидејќи граѓаните да не ги почитуваат сегашните, евидентно  е дека сѐ уште има собирање во групи, граѓаните не ги сфаќаат сериознопрепораките и затоа имаме обврска да ги заостриме“, рече Филипче.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира