ПОСЕТИ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ СЕ ЗАБРАНЕТИ, НО КАЈ НАС ТЕШКО ТОА МОЖЕ ДА СЕ ИЗМЕНАЏИРА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ПО НЕСРЕЌАТА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

    ПОСЕТИ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ СЕ ЗАБРАНЕТИ, НО КАЈ НАС ТЕШКО ТОА МОЖЕ ДА СЕ ИЗМЕНАЏИРА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ПО НЕСРЕЌАТА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦАФилипче вели дека во сите болници има доволно медицински кадар и немало потреба за болните да се грижат челнови на семејството. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за здравство Венко Филипче не знае зошто во Ковид-центарот во Тетово имало посета на пациентите од членови на нивните семејства и рече дека истрагата која се врши треба да покаже зошто тоа било дозволено.

    „Посетите се забранети и ќе инсистирам на точна проверка што се случило, колку придружници имало и како бил организиран целиот тој процес. Од утре тоа ќе го истражува Државниот здравствен и санитаерен инспекторат (ДЗСИ). Посетите, во принцип, за ковид пациенти се забранети. Сега со вакцинацијата има укажување дека со сертификат за вакцинација членови на семејствата да ги посетуваат болните, но не и да ги чуваат. Во сите ковид-центри и болници има доволно кадар, тоа е изменаџирано и преку системот на ротации. Посетите се традиционална глетка во нашите болници и од искуство знам дека тоа тешко може да се изменаџира и забрани. Во секој случај, конкретната ситуација целосно ќе ја испира ДЗСИ“, рече Филипче на денешната прва прес-конференција во синоќешната несреќа во Тетово во која загинаа 14 ковид болни.

    На упорните новинарски прашања дали поради тоа што биле пуштени посетители во Ковид-центарот ќе го повика на одговорност директорот на Тетовската болница, Филипче одговараше дека од одговорност никој нема да избега, но прво мора истрагата да заврши и да ги утврди сите факти.

    Филипче не сакаше да каже никакви информации во врска со тоа што било причина за пожарот, ниту пак во врска со загинатите, велејќи дека во тек е истрагата и кога таа ќе заврши ќе се дадат сите информации. И покрај пожарот, Филипче смета дека сите модуларни болници се безбедни и градени според сите стандарди.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира