Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа амандманот поднесен од опозицијата, со кој на Сојузот на борци на Македонија им се определува 47 илјади евра за егзистенција и нормално функционирање. Во новиот буџет за 2017 година за финансирање на Сојузот на борци не се предвидени пари.
Со амандманот се предвидуваше Сојузот на борци во делот на буџетот што се однесува за финансирање на невладини организации, да добие 2 милиони 920 илјади денари за нормално функционирање на 34 општински одбори на организацијата.
Министерот за финансиии Кирил Миноски го одби амандманот без образложение.
Дел од присутните пратеници на власта од место дофрлуваа „зарем има уште живи борци?“
Пратеникот на СДСМ Јован Митрески, кој го поднесе амандманот, рече дека со гласањето против, не значи дека ВМРО-ДПМНЕ не го почитува само Сојузот на борци, туку дека не ги признава ни придобивките од НОБ.