ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 21 АПРИЛ, ВТОР КРУГ НА 5 МАЈ

    ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 21 АПРИЛ, ВТОР КРУГ НА 5 МАЈЏафери ги распишува изборите (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ги распиша претседателските избори. Изборите ќе се одржат на 21 април, а вториот изборен круг на петти мај. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.

    Заедно со претседателските избори, во Охрид, Ново Село и Дебар ќе се одржат и избори за градоначалници.

    „Ги потпишав решенија за распишување на шестите претседателски избори и предвремените избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар. Решението ќе биде доставени до Државната изборна комисија. Денеска ги избравме и новите членови на Антикорупциската комисија, со што ги заокруживме неопходните претпроставки за одржување на изборите. Фер и демократски избори се еден од условите по кои ќе не оценуваат и вреднуваат. Затоа ги повикувам политичкиот партии и сите учесници во изборниот процес Македонија да добие уште едни избори како што и доликуваат на европска и демократска држава“, рече Џафери на прес-конференција по потпишување на решенијата за распишување на изборите.

    И владеачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ немаат одредено кој ќе биде нивни кандидат на изборите, но двете партии најавија дека тој ќе го избираат на конкурс.

    ВМРО-ДПМНЕ веќе ја заврши постапката за кандидирање, а изборот ќе биде на партиската конвенција која на 16 февруари ќе се одржи во Струга. На конкурсот пријави доставиле Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – експратеник, Сашо Кутлешовски – професор.

    Владеачката СДСМ претседателскиот кандидат ќе го избира на конгресот на 3 март.

    Премиерот Зоран Заев и денеска повтори дека нема да се кандидира иако бил добар консензуален кандидат.

    Кандидатура за претседател најави и пратеникот Амди Бајрам. Тој како кандидат на неговата партија Сојузот на Ромите, треба да собере 10.000 потписи за да може да понесе кандидатура.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира