РАСТ НА БРОЈОТ НА МИГРАНТИ, ПОЛИЦИЈАТА Е ВМЕШАНА ВО КРИУМЧАРЕЊЕТО, СЕ СОМНЕВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    РАСТ НА БРОЈОТ НА МИГРАНТИ, ПОЛИЦИЈАТА Е ВМЕШАНА ВО КРИУМЧАРЕЊЕТО, СЕ СОМНЕВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛПолициските акции се безуспешни, пред секоја акција нелегалните мигранти се пренесуваат од куќите во Ваксинце и Лојане, до блиската шума, пренесуваат членови на тимот од кај Народниот правобранител сведоштва на локалното население во овие кумановски села. - Мигранти одмораат покрај пруга за време на бегалската криза во мај 2016 година (Фото: СДК.МК)

    Кумановските села Ваксинце и Лојане и шумата околу нив вријат од мигранти, што наведува на индиции дека одредени вработени и старешини во полицијата се вмешани во криумчарењето, констатира Народниот правобранител.

    „За разлика од 2016 година, од лани значително се зголеми бројот на нелегално влезени мигранти во Македонија, што упатува на сомневање за вмешаност на полицијата во овој криминал“, рече на денешната прес-конференција Заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

    При посетата на тимови од кај Народниот правобранител Иџет Мемети, локалното население ги посочувало точно куќите полни со мигранти (жени, мажи и деца), кои чекаат да продолжат кон натамошната траса во криумчарењето, до западноевропските држави. Според кажувањето на мештаните, тие често пријавувале во полиција, но кога полицајците ќе дојдат во посочените куќи, ги наоѓаат празни. Некој од МВР им јавува претходно, се сомневаат од кај Омбудсманот, по што од куќите во Ваксинце и Лојане, навреме криумчарите ги префрлаат во шумата.

    Тимот што ги прави овие посети, тврди дека среќава мигранти, како на патиштата во овие села, така и во шумата.

    За разлика од третманот на криумчарените мигранти, полицијата применувала средства на присилба, физичка сила и нехуман третман при групните депортации назад кон Грција, кон мигрантите кои се во транзитните центри во Винојуг и Табановце, констатира Народниот правобранител во Годишниот извештај за 2017 година.

    И за овие состојби Омбудсманот ќе го извести Поткомитетот за тортура на Обединетите нации и други меѓународни организации.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира