СЀ УШТЕ Е РАНО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ДА СТАНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    СЀ УШТЕ Е РАНО ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ДА СТАНЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕСпоред анализите за изминатите две недели вирусот се шири меѓу невакцинирани пациенти и дури 90 отсто од починатите биле невакцинирани.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за здравство засега не размислува вакцината против ковид-19 да биде задолжителна. Задолжително вакцинирање не се планира да се воведе ниту за одредени категории како што тоа го направи Грција каде задолжителна е вакцинацијата за медицинските работници, а од денеска во Словенија за државната администрација.

    „Сè уште е рано за задолжителна вакцина против ковид-19. Сите земји мислам дека од наредната година ќе имплементираат такви мерки и тогаш и ние би донеле таква одлука. Сега мислам дека треба да се слушаат апелите дека само вакцината е единствен начин да се избегнат тешки форми на болеста. Секаде каде има голем степен на вакцинација немаме притисок во болниците“, рече министерот Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали се планира воведување задолжителна вакцинација за одредени категории.

    Филипче кажа дека во моментов имаме ист број на нови случаи и во наредниот период ќе се види дали ќе имаме пад на бројките. Се прават пошироки анализи кои ќе бидат основ за евентуално воведување на нови мерки.

    „Во моментов единствена мерка која ќе биде воведена од средината на октомври е граѓаните наместо со една доза да можат да влезат на затворени настани, кафеани и молови само со две дози“, рече Филипче.

    Според анализите за изминатите две недели вирусот се шири меѓу невакцинирани пациенти и дури 90 отсто од починатите биле невакцинирани. Од 6 до 16 септември од 30.000 болни само 21 процент биле вакцинирани, а останатите 79 проценти не.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира