САД ЈА ПОЗДРАВИЈА ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

    САД ЈА ПОЗДРАВИЈА ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА ОТВОРАЊЕ ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈАОваа одлука дополнително ја зацврстува европската иднина на Албанија и Северна Македонија. Исто така, се потенцира важноста на историскиот Преспански договор што ѝ овозможува на Северна Македонија да ги унапреди своите цели кон Европската унија и трансатлантските цели, вели државниот секретар на САД Мајк Помпео; - Oд посетата на Македонија на 4 октомври 2019. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Соединетите американски држави ја поздравуваат одлуката на Европската унија за отворање пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија, изјави државниот секретар Мајкл Помпео.  Европските шефови на држави и влади, вечерва на редовниот пролетен самит на Европската Унија одобрија отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, според заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на 24 март.

    „Очекуваме да го продлабочиме нашето стратешко партнерство со Албанија и Северна Македонија кога ќе ги започнат следните чекори на нивниот пат кон Западот. Оваа одлука дополнително ја зацврстува европската иднина на Албанија и Северна Македонија. Исто така, се потенцира важноста на историскиот Преспански договор што ѝ овозможува на Северна Македонија да ги унапреди своите цели кон Европската унија и трансатлантските цели. САД ќе останат постојан партнер додека и двете влади ги преземаат потребните реформи за зајакнување на владеењето на правото, натамошните напори за борба против корупцијата, за развој на нивните стопанства и за зајакнување на борбата против организираниот криминал. Двете земји мора да останат посветени на нивните реформски агенди, а САД ќе продолжат со непоколебливата поддршка за нивните напори во овој поглед“, се вели во изјавата на Помпео што ја објави Стејт департментот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира