САД МУ ГО ЧЕСТИТАА МАНДАТОТ НА ЗАЕВ И ОЧЕКУВААТ СОРАБОТКА СО НОВАТА ВЛАДА

    САД МУ ГО ЧЕСТИТАА МАНДАТОТ НА ЗАЕВ И ОЧЕКУВААТ СОРАБОТКА СО НОВАТА ВЛАДАКако нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, вели во честитката американската амбасадорка Кејт Мари Брнз. (Фото: СДК.МК)

    САД му го честитаат мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и очекуваат соработка со новата влада, објави на Твитер американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

    „Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада. Очекуваме да работиме со новата влада откако ќе се формира. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“, вели Брнз.

    Заев најави дека во рок од 20 дена ќе направи влада, откако претседателот Стево Пендаровски денеска му го додели мандатот. Заев кажа дека преговорите со ДУИ продолжуваат и дека денеска ќе има нова средба со лидерот на партијата Али Ахмети.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира