САМО 1.500 ЛУЃЕ НАД 70 ГОДИНИ СЕ ПРИЈАВЕНИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ОД ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН, ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА ДО МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДА ГИ ПРИЈАВУВААТ

    САМО 1.500 ЛУЃЕ НАД 70 ГОДИНИ СЕ ПРИЈАВЕНИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ОД ГОСТИВАРСКИОТ РЕГИОН, ФИЛИПЧЕ АПЕЛИРА ДО МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ ДА ГИ ПРИЈАВУВААТДенеска беше пуштен во употреба модуларниот Ковид-центар во Гостиварската болница. (Фото: Министерство за здравство)

    Од 6.000 пријавени за вакцинирање против ковид-19 од Гостиварскиот Регион, само 1.500 се во првата група над 70 години, кажа министерот Венко Филипче и апелираше до матичните лекари да ги пријавуваат поажурно своите пациенти со хронични болести од оваа група зашто тие ќе бидат првите за вакцинација веднаш после здравствените работници. Филипче, кој денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на модуларниот Ковид-центар во Гостиварската болница, рече дека во моментов состојбата во градот е стабилна, со 10 хоспитализирани пациенти, но тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат зашто забрзано се шири британскиот сој на кронавирусот.

    Околу 40 лекари и сестри од Гостиварската болница досега се вакцинирани против ковид-19.

    Модулариот Ковид-центар има 35 кревети, комплетно е опремен, а персоналот ќе се ротира од Инфективното одделение во болницата.

    Филипче најави и дека наредниве месеци болницата, која опслужува околу 200.000 жители од регионот, ќе добие и апарат за магнетна резонанца со што пациентите нема да треба за тоа да патуваат во Скопје.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира