СЕКОГАШ РАБОТЕВ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ДОДЕКА БЕВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО „ПАЦИЕНТ“ НА СЈО

    СЕКОГАШ РАБОТЕВ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ДОДЕКА БЕВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ ОСОМНИЧЕН ВО „ПАЦИЕНТ“ НА СЈОВиепремиерот Бујар Османи денеска во Куманово на прославата на 11 Октомври, каде беше во делагацијата со премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот Бујар Османи тврди дека нема злоупотреба при спроведување на постапките во Министерството за здравство во текот на неговиот мандат, откако вчера Специјалното јавно обвинителство (СЈО, отвори истрага под кодно име „Пациент“, поради постоење на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на 15 службени и одговорни лица, во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно-занаетчиски работи во повеќе јавни здравствени установи низ државата. „Пациент“ е една од шесте нови истраги што вчера ги објави СЈО.

    „Неколку години се присутни шпекулациите во врска со некакви злоупотреби во Министерството за здравство и јас бев еден од тие што инсистирав на истрага, бидејќи нема потреба да стои како дамка во моето работење. Драго ми е што е отворена оваа истрага чија улога е да ги утврди фактите  и очекувам што побрзо и поефикасно да заврши, изјави Османи денеска во Куманово на прославата на 11 Октомври, Денот на народното антифашистичко востание, каде беше во делагацијата со премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски.

    „Прво, јас во Министерството за здравство имам донесено стотици и илјадници решенија, бројни преокти коишто сè уште ги користат граѓаните. Секогаш сум работел согласно законот и во интерес на граѓаните на Република Македонија. Очекувам дека ќе се расчистат сите дилеми, во однос на некое мое вклучување во таквите злоупотреби. Јас од тоа што можев да прочитам видов одреден превид, понудата е 20 милиони поевтина, а не поскапа отколку второрангираната. Меѓутоа, ќе оставам што побрзо СЈО и институциите да ги расчистат овие факти, а јас стојам на располагање.  Жалам што предходно не сум поканет, пред да биде спомнато моето име, јас да ги кажам фактите, меѓутоа со сета морална и политичка одговорност можам да потврдам дека апсолутно нема никаква девијација од законите при сите постапки во Министррството за здравство во текот на мојот мандат“, рече Османи кој е вицепремиер за европски прашања и и главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија.

    Османи смета дека Специјалното обвинителство има обврска да отвори истрага за секој сомнеж и за секој прислушуван разговор, и истакна дека е познат на јавноста неговиот став и ставот на партијата за целосна подршка СЈО.

    С. НИКОЛИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари