ШЕКЕРИНСКА И МИЦКОСКИ НА ЛИТУРГИЈАТА ВО СВЕТА СОФИЈА КАДЕ ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ СТАНА НОВ ВЛАДИКА

    ШЕКЕРИНСКА И МИЦКОСКИ НА ЛИТУРГИЈАТА ВО СВЕТА СОФИЈА КАДЕ ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ СТАНА НОВ ВЛАДИКАМицкоски и Шекеринска ја следеа литургијата во црквата „Света Софија“ - (Фото: Нова Македонија)

    Во црквата „Света Софија“ во Охрид архимандритот Партениј, кој е игумен на Бигорскиот манастир, е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

    На церемонијата покрај голем број верници присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вицепремиерката и носителката на листата на СДСМ во петтата изборната единица Радмила Шекеринска, како и министерот за здравство Венко Филипче. Сите тројца беа во прв ред во црквата и ја следеа литургијата.

    Дворот на црквата беше полн со верници. Дел од нив не носеа маски ниту држеа растојание. Заштитни маски не носеа ниту свештените лица, владиците и учесниците во литургијата.

    Предлогот Отец Партениј да биде прогласен за епископ го даде неговиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, што беше едногласно прифатено од сите членови на Синодот на МПЦ-ОА.

    Отец Партениј ќе биде викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски”, а истовремено ќе ја задржи и својата должност игумен на Бигорскиот манастир каде што ќе биде и неговото постојано седиште.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира