СЈО ОЧЕКУВА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СЈО ОЧЕКУВА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ

    Специјалното јавно обвинителство не сака да ги коментира политичките изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада Никола Груевски, кој во интервју за „Дневник“ категорично вели дека неговата партија нема да поддржи продолжување на мандатот на СЈО, објави „Мета“.

    „Повеќепати имаме истакнато дека не коментираме политички изјави. Нашите очекувања се следни: продолжување на мандатот и изгласување на Законот за заштитени сведоци“, изјави СЈО за „Мета“.

    Груевски во интервјуто за „Дневник“, објавено вчера, недвосмислено вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи на продолжување на рокот на СЈО, дека „од авион се гледа дека обвинителството работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија и за држење во заложништво на една политичка партија во Македонија“, како и дека „со пролонгирање на роковите за СЈО, со сигурност ќе се пролонгира кризата“.

    Од Европската комисија, во врска со изјавата на Груевски, за „Мета“ изјавија дека покрај брзо формирање на нова широка владина коалиција, Брисел очекува и целосно овозможување на сите услови за работа на СЈО.

    „Европската Унија се надева на брзо формирање на нова широка владина коалиција и ја очекува нејзината програма. Континуираната примена на сите делови од Договорот од Пржино и реформските приоритети се клучни во овој поглед. Специјалното јавно обвинителство е составен дел од Договорот од Пржино и мора да му се овозможат услови и да му се даде времето што му е потребно за да ја заврши својата важна работа“, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира