СКОПЈЕ СО НАЈМНОГУ АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, НАЈМНОГУ БОЛНИ ИМА ВО ЧАИР, САРАЈ И БУТЕЛ

    СКОПЈЕ СО НАЈМНОГУ АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, НАЈМНОГУ БОЛНИ ИМА ВО ЧАИР, САРАЈ И БУТЕЛСпоред податоците на Институтот за јавно здравје во земјава моментално има 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.(Фото: СДК.МК)

    Во Скопје има најмногу активни случаи на заразени со КОВИД-19, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Според податоците на Институтот за јавно здравје во земјава моментално има 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.

    Од скопските општини најмногу активни заболени со коронавирус има во Чаир и тоа 73 случаи, потоа во Сарај 44 и Бутел 37. Во општина Аеродром активни се 33 а во Гази Баба 31 случај. Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на Институтот за јавно здравје регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров има по 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаи.

    Според категоризацијата на ризикот од СЗО, од Институтот за јавно здравје проценуваат дека Скопје и Тетово се во фаза 4, што значи широкораспространета трансмисија во заедницата, Штип е во фаза 3 со локализирана трансмисија, додека останатиот дел од земјата е во фаза 2 со спорадични случаи,

    Вчера во земјава беа регистрирани 89 нови случаи на КОВИД-19, а починаа седум пациенти.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира