СМРТНОСТА ОД КОРОНАВИРУС ПАДНА ЗА 28 ОТСТО ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    СМРТНОСТА ОД КОРОНАВИРУС ПАДНА ЗА 28 ОТСТО ЗА МИНАТАТА НЕДЕЛА, ВЕЛИ ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕМеѓу новозаболените од ковид-19, најзастапена е возрасната група над 60. (Фото: К. Попов)

    Од 28 декември до 3 јануари паѓа бројот на новозаболени и починати од ковид-19, а опаѓа и процентот на позитивни лица од тестираните, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во тој период тестирани се 10.778 материјали, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000. Процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-КоВ-2 изнесува 21.6%, намалување од 4.1% во однос на минатата недела.

    Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лица биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

    Според ИЈЗ, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е групата лица на возраст над 60 години (688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (440; 18,9%), 40-49 (404; 17,3%), 30-39 (392; 16,8%) и 20-29 (263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (38; 1,6%) и 10-19 години (104; 4,5%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 84.129, оздравеа 63.532, починаа 2.550, а активни случаи се 18.047.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира