СПРЕМИВМЕ 500 БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ, НО ВЕРУВАМ ДЕКА СО ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НЕМА ДА ИМА ПОТРЕБА ДА ПРЕНАМЕНУВАМЕ СПОРТСКИ САЛИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    СПРЕМИВМЕ 500 БОЛНИЧКИ КРЕВЕТИ, НО ВЕРУВАМ ДЕКА СО ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НЕМА ДА ИМА ПОТРЕБА ДА ПРЕНАМЕНУВАМЕ СПОРТСКИ САЛИ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕВластите секојдневно апелираат дека домашната изолација е најдобра превентива од ширењето на коронавирусот.Инсталација на плоштадот Македонија во Скопје (Фото: К. Попов)

    Ќе се обезбедат повеќе од 500 болнички кревети во периодот кој следи, со оглед на порастот на бројката на заболени од коронавирус, која до 12 часот денес во земјава е 85 лица. Министерот за здравство Венко Филипче на  новинарско прашање дали се размислува да се подготват спортски сали да служат како резервни болници, по примерот на Хрватска и Бугарија кажа дека е разговарано за таква мерка со Комисијата за заразни болести, но експертите сметаат дека ова треба да биде некоја најнапредна, последна фаза во пристапот на лекувањето на пацинетите.

    „Има механизми по кои може да се третираат пациентите, како што е германскиот модел, а тоа е во болница да се лекуваат само пациенти на кои може да им биде потребна респираторна машина, секако и пациентите кои се на респираторна машина и сосема солиден третман е домашното лекување како што практикува Германија за пациентите кои имаат полесна форма на вирусот, како што се пациентите во Дебар“, рече министерот.

    „Ние сме во фаза кога бројката на заболени расте. Кога се споредуваме со други земји, кривата на епидемијата е нешто поблага и искрено верувам дека со дополнително зајакнување на мерките значајано ќе спласне и ќе дадат резулати“, кажа Филипче.

    Тој апелираше до активистите од невладините организации кои нудат помош за спроведување на мерки за превенција од ширењето на коронавирусот да се држат настрана и дека може да помагаат само на хронично болните кои се во домашни услови, надвор од лицата кои се во изолација.

    „Во делот на третманот, на анализата, на интервјуата на пациентите и на потенцијално заболените, на луѓето кои можеби биле во контакт со луѓето кои се заболени, пораката е да седат настрана од нив, без разлика за каква хуманитарна или друга организација станува збор. Тука си има соодветен терк на пристапување, има заштитна облека, заштитни материјали. Интервјуата и анкетите се вршат според посебен алгоритам и правила“, одговори министерот Филипче на новинарско прашање за тоа дека студентите по медицина и политичките партии ја нудат својата помош на институциите.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира