УШТЕ 26 ПОЧИНАТИ ОД КОИ ТРОЈЦА ВОН БОЛНИЧКИ УСЛОВИ, НОВИ 978 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД 2.667 ТЕСТОВИ

    УШТЕ 26 ПОЧИНАТИ ОД КОИ ТРОЈЦА ВОН БОЛНИЧКИ УСЛОВИ, НОВИ 978 ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19 ОД 2.667 ТЕСТОВИВ болница се вкупно 979 болни од ковид-19 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во последните 24 часа починаа 26 лица од ковид-19, што е највисоката дневна бројка досега. Регистрирани се 978 нови случаи од направени 2.667 тестирања. Од починатите, тројца се починати вон болнички услови, останатите 23 во болница, соопшти Министерството за здравство.

    Починати се четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60), еден од Куманово (58), еден од Штип (83), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63), еден пациент од Струга (82), двајца од Велес (79 и 73), двајца од Битола (72 и 84), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57), еден од Гевгелија (87), еден од Струмица (67), еден од Кочани (70) и еден пациент од Делчево (49).

    Новите случаи според градови се во: Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.

    На Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти.

    На Клиниката за неврологија 19 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од: Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 39.760, од кои оздравени се 23.035, починати е 1.136, а активни 15.589. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 17.319, активни 7.114
    • Куманово 2.666, активни 689
    • Дебар 382, активни 80
    • Штип 1.931, активни 436
    • Прилеп 1.794, активни 823
    • Тетово 2.765, активни 981
    • Струга 939, активни 195
    • Велес 1.168, активни 718
    • Битола 1.032, активни 525
    • Охрид 953, активни 423
    • Кавадарци 729, активни 387
    • Гостивар 1.486, активни 442
    • Гевгелија 492, активни 228 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 85 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.203, активни 669
    • Крива Паланка 287, активни 133
    • Радовиш 302, активни 121
    • Крушево 48, активни 25
    • Кочани 880, активни 297
    • Пробиштип 256, активни 102
    • Демир Хисар 110, активни 40
    • Македонски Брод 116, активни 16
    • Пехчево 61, активни 5
    • Берово 245, активни 69
    • Валандово 120, активни 39
    • Виница 236, активни 118
    • Делчево 311, активни 155 (77 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 96, активни 65
    • Свети Николе 551, активни 133
    • Кичево 744, активни 306
    • Ресен 292, активни 96
    • Неготино 246, активни 159 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.667 теста се преку: ИЈЗ-1017, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-462, Биотек-254, МАНУ -214, Жан Митрев (Филип Втори) -170, Систина со PCR метода -319, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-26, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 424
    • Гази Баба – 970
    • Аеродром -1120
    • Карпош – 979
    • Центар – 934
    • Кисела Вода – 858
    • Ѓорче Петров – 588
    • Бутел – 387
    • Шуто Оризари – 100
    • Студеничани – 36
    • Сарај – 66
    • Арачиново -16
    • Илинден – 174
    • Сопиште – 58
    • Чучер Сандево – 48
    • Петровец –68
    • Зелениково -38
    • Странец – 95
    • Нераспределен- 155

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира