УТРЕ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЗА ТРАНЗИТ ПАТНИЦИТЕ ЌЕ СЕ БАРА ПЦР ТЕСТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ПО НОВИТЕ КОВИД ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА ЛЕТ ЗА ФИНСКА

    УТРЕ ВЛАДАТА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ЗА ТРАНЗИТ ПАТНИЦИТЕ ЌЕ СЕ БАРА ПЦР ТЕСТ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ ПО НОВИТЕ КОВИД ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ НА ЛЕТ ЗА ФИНСКАВладата утре ќе одлучува дали ќе се воведе задолжителен ПЦР тест и за патниците кои транзитираат низ земјава по сувоземен пат и преку аеродромите, - Од Скопскиот аеродром. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утре Владата ќе одлучува дали ќе се воведе задолжителен ПЦР тест и за патниците кои транзитираат низ земјава односно летаат преку скопскиот аеродром. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на новинарско прашања за новиот број позитивни патници на летот за Турку, Финска, рече дека уште ги немаат добиено од финската влада списоците со позитивни патници, за да се види дали се наши државјани или пак на Косово.

    „Сега, после вториот случај на позитивни патници од лет за Турку, ќе дискутираме за потреба и за патници кои транзитираат низ земјава да се воведат ПЦР тестови. Сметам дека имаме стабилна слика, секаде има влошување на состојбата со број на заболени, само кај е иста состојбата. Затоа, нема потреба да стои нашиот аеродромот од каде излегуваат позитивни патници“, рече Филипче.

    Финските власти денеска објавија дека во саботата 12 позитивни патници слетале во Турку на лет од Скопје. Ова е трет пат на овој лет да има позитивни пациенти, со што вкупната бројка е 42.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира