ВЛАДАТА ГО ОТВОРИ БРОЈОТ 02-324-8040 ЗА ИНФОРМАЦИИ КАКО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ

    ВЛАДАТА ГО ОТВОРИ БРОЈОТ 02-324-8040 ЗА ИНФОРМАЦИИ КАКО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИТелефонската линија 02-324-8040 ќе биде отворена секој работен од 8 до 15 часот. (Фото: К.Попов)

    Владата ја отвори телефонската линија 02 324-8040 на која фирмите и граѓаните ќе може да побараат информации за економските мерки за справување со кризата предивикана од коронавирусот.

    Со јавување на телефонскиот број  ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки.

    „Контакт центарот ќе работи од 8 до 17 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9 до 14 часот, каде ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик“, велат од Владата.

    Со мерките од вториот економски пакет на Владата фирмите погодени од пандемијата на коронавирусот, може да аплицираат за да добијат субвенционирана минимална плата за вработните или субвенции од 50 отсто за придонесите за плати.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари