ВЛАДАТА НОСИ ПОСЕБНА ОДГОВОРНОСТ, НО И ОПОЗИЦИЈАТА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕУ И НАТО, РЕЧЕ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТ

    ВЛАДАТА НОСИ ПОСЕБНА ОДГОВОРНОСТ, НО И ОПОЗИЦИЈАТА ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕУ И НАТО, РЕЧЕ ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА РОТДржавниот министер за Европа во германското МНР Михаил Рот на прес-конференцијата со министерот Никола Димитров рече дека нема конкретна перспектива без решение за името (Фото:Ѓ. Личовски)

    Државниот министер за Европа  во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот го поздрави постигнатиот напредок во реформскиот процес, кој бил препознаен во Извештајот на ЕУ за напредокот со добивањето датум за преговори идната година и добивањето на поканата за НАТО.

    „Знам дека договорот со Грција беше болен, и постои скепса. Би било трагично ако патот кон ЕУ се попречи. Треба да постои конструктивна соработка. Владата носи посебна одговорност за сето ова, но и опозицијата носи одговорност. Апелирам до опозицијата и сите политички актери да покажат одговорност“, рече Рот на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    Рот  рече дека нема конкретна перспектива без решение за името.

    „Спорот за името долго време има голема сенка врз развојот на вашата земја. Кој веруваше пред една година дека  ваков успех ќе се постигнеше. Останува уште работа, борба против криминалот, корупцијата, реформите во правосудството и друго. ЕУ перспективата ќе биде позитивен за граѓанките и граѓаните“, рече Рот.

    Министерот Димитров  рече дека не се работи само за решавање на еден спор, туку тоа е прашање со многу поголеми геополитички импликации, бидејќи не се однесува само на Македонија и Грција туку и на целиот Балкан.

    „Ова прашање не е партиско-политичко, туку од државен интерес. Имаме историска шанса. До нас е дали ќе ја зграпчиме. Ова е еден пат, друг немаме. Од секој граѓанин ќе зависи каде ќе биде Македонија особено во следните месеци, но ќе зависи и каде ќе биде Македонија за пет-десет години од сега. Ако има друг пат, добро е да го дознаеме, но друг пат – нема“, рече Димитров.

     

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира