ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ НЕ Е СПРЕМНА ДА ГО ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ОД БРИСЕЛ, ВЕЛИ ГРЦИЈА

    ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ НЕ Е СПРЕМНА ДА ГО ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО ОД БРИСЕЛ, ВЕЛИ ГРЦИЈАСпоред неименуван грчки владин извор, веројатноста за договор во следните неколку дена е сè помала, а веројатно дека ќе биде одложен и телефонскиот разговор меѓу премиерите Зорн заев и Алексис Ципрас што се очекуваае денеска; - Заев и Ципрас на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на 17 мај (Фото: СДК.МК)

    Договорот за името е во многу критична фаза со многу пресврти за кусо време, коментираат неименувани грчки владини извори што ги цитира атинска „Иефимерида“. Според изворот на весникот, има оддалечување од договорот за името кој се очекуваше дека ќе падне денеска со телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

    „ПЈРМ, се чини дека сè уште не подготвена да се приклони кон сè што е договорено во Брисел меѓу двајцата шефови на дипломатиите. Оттаму, веројатноста за договор во следните неколку дена, се чини, дека е сè помала. Веројатно дека ќе биде одложен и телефонскиот разговор меѓу двајцата премиери“, рекол неименуван владин функционер за „Иефимерида“.

    Според неофицијални информации, проблемот се јавил за време на разговорите на експертските групи кои во Атина требаше да ги дефинираат деталите за Нацрт-спогодбата што ја договорија Коѕијас и Димитров.

    Утрово, разногласие се појави и во изјавите на владиниот портпарол Димитрис Ѕанакопулос и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас кој смета дека договорт е многу блиску. Наспроти него, Ѕанакопулос изјави дека „во овој момент нема договор“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира