ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЈА ПРОБИ БЛОКАДАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР ЈА ПРОБИ БЛОКАДАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО БИТОЛА

    Само за владиката Петар не важеше блокадата на Шарената револуција во Битола. Тој на пладне со возило „ауди“ ја проби блокадата со точаци поставена на излезот од Битола кон Ресен.  Шарените ги имаа врзано велосипедите за да не можат да минуваат  возила.

    Кога кон демонстрантите се приближи владиката со аудито, еден од битолчаните, учесници во блокадата, за да не чека г. Петар, без да се консултира со другите, тргна еден од точаците и го пропушти.

    Ваквото негово однесување наиде на негодување кај демонстрантите. Тој ја оправдуваше својата постапка со зборовите „греота е, да не чека“, но тоа предизвика голем револт кај битолчанец кој на блокадите беше дојден со патерици поради повреда на ногата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари