ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА ПАДНЕ „ТИТАНИК“ И ДА СЕ СПАСАТ МИЛИОНИТЕ НА ГРУЕВСКИ ЗА ДА ГЛАСА ЗА ДИК И ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

    ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА ПАДНЕ „ТИТАНИК“ И ДА СЕ СПАСАТ МИЛИОНИТЕ НА ГРУЕВСКИ ЗА ДА ГЛАСА ЗА ДИК И ЗА РЕФЕРЕНДУМОТОд ВМРО-ДПМНЕ синоќа поставиле услов услов: или бришење на член 165-а од Кривичниот законик кој се однесува на делото Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, или нема процесирање на изборот на нова ДИК, а со тоа и референдум за името и за членството во ЕУ и НАТО. Ова е едно едно од кривичните дела за кои е обвинето поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а на 9 мај СЈО побара да се конфискуваат два милиони евра од обвинетите Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски; - лидерот Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева на вчерашната лидерска средба (Фото: К. Попов)

    Или ќе се брише членот 165-а од Кривичниот законик за да падне обвинението на најголемиот случај на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности, или нема ни Државна изборна комисија (ДИК) ни референдум, е условот што го поставила синоќа ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, што не го прифатиле од СДСМ. Затоа, велат собраниски извори, не се случи ни договор за законски измени и нова ДИК, ниту се закажа собраниска седница.

    Партиски извори од двете страни брифираат дека на вчерашните преговори на лидерската средба, премиерот Зоран Заев и Радмила Шеќеринска од една и Мицкоски и Тања Каракамишева од друга страна, всушност, не се разбрале.

    „Кога вчераутро во првиот дел на лидерската средба Мицкоски рекол дека се повлекува од барањето да се направи тивка амнестија преку измени на членот за злоупотреба на службената положба, за што се 90 отсто од случаите што ги води СЈО, тој не се повлекол целосно од измени на Кривичниот законик. Синоќа тие барања се повампирија. Беше поставено како услов: или бришење на член 165-а кој се однесува на делото Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, или нема процесирање на изборот на нова ДИК, а со тоа и референдум за името и за членството во ЕУ и НАТО, ни на закон за (пржинска) влада, што и онака беше маска на Мицкоски дека демек за нешто преговра во Клубот на пратеници. СДСМ експресно тоа го одби и тука разговорите се прекинаа, партиските претставници си заминаа дома“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК партиски извори.

    Во „Титаник“, за кој има еден камион доказен материјал и 1.000 прислушувани разговори, токму за делото Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, обвинети се Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Билјана Бришковска – Бошковски, Едмонд Темелко и уште 13 лица. Најмалата затворска казна за ова дело е 5 години.

    На 9 мај, СЈО побара да се конфискуваат два милиони евра од обвинетите Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски и Леко Ристовски, износ што одговара на износот од Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, едно од кривичните дела за кои е обвинето поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Дваесеттемина обвинети конкретно ова кривично дело го направиле во кампањите во 2011, 2012, 2013 и 2014 година.

    Во Член 165 – а од Кривичниот законик се вели:

    (1) Организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над 68 трошењето на планираните средства, со неподнесување на финансиски извештај за потрошените средства, со пречекорување на законските ограничување на средствата дозволени за изборната кампања, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

    (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донации и други средства за финансирање на изборна кампања, ќе го спречи надзорот над финансирањето или помагањето на друг начин на изборна кампања, нема да поднесе финансиски извештај или ќе даде лажни или непотполни податоци за дадени донации и други средства, ќе ги пречекори законските ограничувања на средствата дозволени за изборна кампања, ќе обезбеди недозволени средства за изборна кампања, ќе исплати средства спротивно на намената за финансирање на кампањата или на друг начин ќе го злоупотреби своето овластување определено со закон.

    (3) Тој што спротивно на ограничувањата определени со закон тајно ќе донира за туѓа изборна кампања или кампања за избори во кои самиот учествува со износ кој во поголема вредност го надминува законскиот максимум, ќе се казни со парична казна или затвор до три години.

    (4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

    (5) Незаконски обезбедените средства се конфискуваат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира