ВО СКОПЈЕ ПОБЕДИ СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА СО 664 ГЛАСА РАЗЛИКА

    ВО СКОПЈЕ ПОБЕДИ СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА СО 664 ГЛАСА РАЗЛИКАОд обработени 99,96% од избирачките места, Силјановска-Давкова во Скопје освои 87.268 гласови, Пендаровски 86.604 гласови, а Блерим Река 14.905. (Фото: СДК.МК)

    Според резултатите во десетте скопски општини, во главниот град во првиот круг на претседателски избори победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Силјановска-Давкова во Скопје освои 664 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски. Од обработени 99,96% од избирачките места, Силјановска-Давкова во Скопје освои 87.268 гласови, Пендаровски 86.604 гласови, а Блерим Река 14.905.

    СДСМ и Пендаровски имаат повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова во општините Центар и Карпош. Во Центар Пендаровски освои 12.342 гласови, Силјановска 8.031, а Река 444. Во Општина Карпош за Пендаровски гласале 14.039 граѓани, за Силјановска-Давкова 11.641, а за Река 528.

    Во Општините Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров каде градоначалници се од редовите на СДСМ, повеќе гласови освоија ВМРО-ДПМНЕ. Во Аеродром за Силјановска-Давкова гласале 16.450 граѓани, за Пендаровски 14. 007, а за Река 311. Во Кисела Вода Силјановска-Давкова освои 14. 685, Пендаровски 10.295, а Река 213 гласови. Најголема разлика меѓу Пендаровски и Силјановска од скопските општини има во Општина Гази Баба каде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 6.446 гласови повеќе односно 15.678, Пендаровски 9.232 и Река 1.346 гласови. Во Бутел Силјановска-Давкова освои 1.382 гласови повеќе од Пендаровски, а во Ѓорче Петров победи со 1.916 гласови разлика.

    Во Општина Сарај најмногу гласови освои Пендаровски 3.748, Блерим Река 3.072, а Силјановска-Давкова 379. Во Општина Чаир за Пендаровски гласале 8.203 граѓани, за Река 5.833, а за Силјановска-Давкова 2.947.

    Во Општина Шуто Оризари исто така победи Пендаровски со освоени 2.351, Силјановска-Давкова 1.772, а Река 832 гласови.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира