ВО ВТОРНИК ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА ВО СДСМ, НОВИОТ ЛИДЕР ТРЕБА ДА БИДЕ И МАНДАТАР НА НОВАТА ВЛАДА, КАЖА ЗАЕВ

    ВО ВТОРНИК ЌЕ ПОДНЕСАМ ОСТАВКА ВО СДСМ, НОВИОТ ЛИДЕР ТРЕБА ДА БИДЕ И МАНДАТАР НА НОВАТА ВЛАДА, КАЖА ЗАЕВ„Не можам да ги сфатам работите и за Град Скопје, кога ја имате лагата апсолутно споделена и како тоа никому не ми е значајно“, рече Заев. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев во вторник ќе поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и смета дека идниот лидер на партијата треба да биде и мандатар и премиер во новата Влада. Одговарајќи на новинарско прашање после денешната средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши Заев кажа дека за разлика од други политичари тој стои на зборот за оставка и од премиерската и од лидерската функција во партија.

    Во вторник како што кажа ќе побара да се свика Извршен и Централен одбор на СДСМ на кој ќе ја даде неговата оставка, а потоа партијата треба да организира избори за нов лидер. Смета дека има време да се избере претседател на партијата кој потоа како мандатар ќе предложи нова Влада.

    „Зборот е збор и треба да се одржува. Во демократијата се поднесува одговорност кога ќе изгубите и јас ја преземам одговорноста и сакам да оставам шанса на сите наши прогресивни граѓани. Не е лесно да се биде прогресивен, тоа значи да гледаш малку подалеку, да не калкулираш поради политички рејтинг и политичка фотелја. Убеден сум дека сум оставил свои впечатоци, но носам и горчина со мене затоа што не можам да сфатам како Карпош, најинформиран, најупатен, еден дел од највисоката интелигенција на земјава, вака да одлучи. Значи почит спрема секој, но не можам да ги сфатам работите и за Град Скопје, кога ја имате лагата апсолутно споделена и како тоа никому не му е значајно“, рече Заев додавајќи дека доцниме 30 години од неносење на политички одлуки во минатото и од политички калкулации.

    КОМУНИЦИРАМ И СО СЕЛА И МИЦКОСКИ, ЌЕ ЈА ОДБЕРЕМЕ СТРАНАТА КОЈА ИМА ПОДОБРИ АРГУМЕНТИ ЗА ДРЖАВАТА, КАЖА ГАШИ ПО СРЕДБАТА СО ЗАЕВ

    Заев оставката од двете функции ја најави по поразот на локалните избори на 31 октомври.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира