ВО ЗЕМЈАВА НЕМА МУТАЦИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ КАКО ВО БРИТАНИЈА, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    ВО ЗЕМЈАВА НЕМА МУТАЦИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ КАКО ВО БРИТАНИЈА, НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ„Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките на новозаболени“, вели Филипче. (Фото: К. Попов)

    Во Македонија нема мутација на вирусот ковид-19 како што има во Велика Британија, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    „Стигнаа резулатите од Лабораторијата во МАНУ и утврдено е дека нема во земјава нема мутација на вирусот, дека практично цело време истиот вирус е во државава“, кажа Филипче на промоцијата на донација на две амбулатнтни возила од Општина Чаир за Здравствен дом Скопје.

    Новиот сој на коронавирусот кој прво се забележа во Велика Британија се покажа дека побрзо се шири, но здравствените власти уверуваат дека вакцините против ковид-19 се ефикасни и против мутациите. Новиот сој беше откриен и во Шведска, Франција и Шпанија, како и во Хрватска и Словенија.

    „Непостоењето на мутација не е причина да ги олабавиме мерките за заштита. Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. Последниве денови сме на некој вид на плато со бројката на нозаболени. И понатаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата“,  кажа министерот.

    Во однос на вакцините против ковид-19 кои треба да стигнат од Србија и вчерашната изјава на српската премиерка Ана Брнабиќ дека се чека Македонија да ги регистрира вакцините, тој повтори дека не е потребна регистрација и дека денес пак се чека одговор од „Фајзер“. За понудата македонските лекари да се вакцинираат во Србија, Филипче кажа дека е благодарен, но сепак македонските здравствени работници ќе се вакцинираат во матичната земја.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира