ВРХОВНИОТ СУД НЕ РАСПРАВА ЗА БАРАЊЕ НА СЈО, ОТИ КРИВИЧНИОТ СУД НЕ ДАВА ЗАПИСНИК ОД „ПУЧ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРХОВНИОТ СУД НЕ РАСПРАВА ЗА БАРАЊЕ НА СЈО, ОТИ КРИВИЧНИОТ СУД НЕ ДАВА ЗАПИСНИК ОД „ПУЧ“

    Основниот суд Скопје 1 уште не му го дава на Специјалното јавно обвинителство Записникот од спогодбата на осудениот Звонко Костовски од случајот „Пуч“, со која тој признава дека извршил кривично дело. Со тоа, Врховниот суд и натаму е спречен да закаже и да одржи седница по Барањето за заштита на законитоста на оваа спогодба, кое го поднесе СЈО.

    Специјалното јавно обвинителство го побарала записникот од Основниот суд Скопје 1 уште во септември минатата година.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева во средата го повлече обвинението за „Пуч“, според кое, за нелегално прислушување и за насилство врз највисоките државни органи обвинети беа: Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски и Зоран Заев. Но, не се откажува од Барањето за заштита на законитоста на постапката за спогодба, бидејќи, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, таму се работи за нелогичност и, најверојатно, прекршување на законот, бидејќи Звонко Костовски со обвинителот се спогодил и признал помагање во кривично дело, а главен обвинет и осуден кога го признал делото, немало. Има помагач, а нема осуден сторител.

    Кому помагал Костовски, кој за делото доби тригодишна заторска казна, е одговорот што со месеци го бара СЈО од Врховниот суд, а тој, пак, не може да заседава бидејќи преметот со Записникот од спогодбата, Кривичниот суд не му го дава на СЈО за да го однесе во Врховен.

    Кој прислушувал нелегално во Македонија од 2011 до 2015 година, СЈО истражува преку случаите “Тврдина 1 и 2“ (за нелегалното уништување на двата система на УБК за прислушување и за палењето на списите со докази за прислушувањето) и преку случајот „Таргет“.

    Судии-кривичари за САКАМДАКАЖАМ.МК објаснуваат дека спогодбата на Обвинителството на Зврлевски со сега осудениот Костовски била преуранета. Грешката ја направил, всушност, судијата во Основниот суд Скопје 1, велат судиите, а не Обвинителството на Зврлевски, бидеќи веднаш прво требало да му укаже на обвинетиот дека не треба во таа фаза на истрага да се спогодува, туку да почека. Тоа, велат судиите, требало да му го каже и неговиот бранител.

    „Не се работи за случај кражба или разбојништво каде што е сторителот фатен на местото како го врши делото, туку се работи за специфичен и сложен процес, каде што сторителите не биле фатени во време на вршење на кривичното дело. Како можело да му се прифати на Костовски признавање на дело, за кое уште немало и ден-денес нема докази дека со сигурност го извршил тој и тој сторител? Кого го помагал тој? Судот требало да го праша: Знаете ли што признавате? Судијата требало да застане со таа постапка и да почека што ќе се случи со главната“, објаснуваат судиите со кои разговаравме.

    И покрај тоа што Јанева го повлече обвинението за „Пуч“, со што сите пет обвинети се ослободени од кривичен прогон за нелегално прислушување, Костовски не е ослободен и тој останува на издржување на затворската казна, се додека Врховниот суд не донесе одлука. Во случај да ја укине пресудата на Костовски, тој веднаш се пушта на слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира