ЗА 50 ОТСТО ПОЕВТИНА ЌЕ БИДЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА НА КОЛИ СО СТРАНСКИ ТАБЛИЧКИ, ВО БУЏЕТОТ ЌЕ ВЛЕЗАТ 20 МИЛИОНИ ЕВРА

    ЗА 50 ОТСТО ПОЕВТИНА ЌЕ БИДЕ РЕГИСТРАЦИЈАТА НА КОЛИ СО СТРАНСКИ ТАБЛИЧКИ, ВО БУЏЕТОТ ЌЕ ВЛЕЗАТ 20 МИЛИОНИ ЕВРАЗаконот ќе важи за сите возила кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година. (Фото: К. Попов)

    Возилата со странски регистарски таблички ќе можат да се регистрираат во земјава со давачки намалени за 50 отсто. На денешната владина седница беше усвоен Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, со што како што очекуваат од Владата, во буџетот ќе влезат околу 2о милиони евра како приходи. Законот сега треба да помине во Собрание.

    „Оваа поволност ќе важи за сите возила кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година. Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија. Сопственикот или корисникот на возилото или лицето кое ќе го купи возилото треба да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

    По усвојување од Собранието, новиот Закон ќе стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира