ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА ТРИ ПРОЦЕНТИ НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, А ЗА 6,8 ОТСТО ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТА

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА ТРИ ПРОЦЕНТИ НАМАЛЕН БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, А ЗА 6,8 ОТСТО ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТАПроцентот на позитивни од тестираните се движи од 11 до 19 отсто. (Фото: СДК.МК)

    За три проценти е намален бројот на нови случаи позитивни на ковид-19 во споредба со минатата недела, но за истиот период зголемена е смртноста за 6,8 отсто. Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите, што е зголемување од 8,4 отсто во однос на минатата недела.

    Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивни од тестираните се движи од 11 до 19 %, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.

    Во овој период пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, што е зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

    „Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 и тоа 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 и тоа 18,6%, 30-39- 17,6%), 50-59 -16,8%)и 20-29- 14,7%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 -1,3% и 10-19 години- 4,7%“, стои во неделниот извештај од Институтот за јавно здравје.

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира