ЗА НОВА ГОДИНА ЌЕ НЕМА ЛЕТОВИ, КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊЕ ЌЕ ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ОД 31 ДЕКЕМВРИ ДО 2 ЈАНУАРИ АКО ДИРЕКТОРОТ НЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    ЗА НОВА ГОДИНА ЌЕ НЕМА ЛЕТОВИ, КОНТРОЛАТА НА ЛЕТАЊЕ ЌЕ ГО ЗАТВОРИ НЕБОТО ОД 31 ДЕКЕМВРИ ДО 2 ЈАНУАРИ АКО ДИРЕКТОРОТ НЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕНа едниот оглас, според Синдикатот, треба да се пријави ексдиректорот Селмани и трае само 2 дена. (Фото: СДК.МК)

    Синдикатот на контролорите на летање утринава му испрати известување на директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди дека ќе стапи во штрајк од 31 декември, дента на дочекот на Новата година, до втори јануари, ако не ги повлече двата огласа за вработување што тајно ги распишал.

    Според Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролорите на летање, менаџментот под раководство на директорот Фахрудин Хамиди го прекрши договорот постигнат пред министерот за транспорт Благој Бочварски, и на мала врата во претпразничната гужва, распишал огласи за вработување со несуштински профили.

    Во едниот од огласите се бара „деловен асистент“, а со другиот се реализира старата намера претходниот директор Миѓен Селмани пак да се вдоми во М-НАВ.

    За ексдиректорот во М-НАВ Миѓен Селмани измислено е работно место „советник за човечки ресурси“, што повторно е кршење на договорот со кој се прекина генералниот штрајк што беше најавен за 12 октомври, кога Хамиди се обврза дека нема веќе да вдомува партиски кадри, пријатели и роднини на измислени, несуштински работни места. На преговорите Хамиди посебно вети дека Селмани нема да биде вработен.

    Првиот оглас трае вкупно 10 дена, а според договорот на Синдикатот и Хамиди, треба најмалку 10 работни дена, а вкупно 2 недели. Со него се вработуваат 10 луѓе.

    Другиот оглас на кој, според Синдикатот, треба да се пријави ексдиректорот Селмани, трае само 2 дена. Некој друг да не го види и да се пријави.

    Министерот Бочварски кажа дека лично ќе се погрижи да се испочитува договорот меѓу Синдикатот на контролорите и менаџментот на М-НАВ, но и тој остана недоследен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира