Додека двајцата членови на партијата „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски остануваат во куќен притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје ослободил од притвор и двајца осомничени во случајот „Транспортер“. Наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, Кривичнниот совет им определил мерки за обезбедување присуство, соопштија попладнево од Кривичниот суд.
Во истиот суд кој ги ослободи осомничените од случајот „Транспортер“ кој го води Специјалното обвинителство, судијата на претходна постапка им одреди мерка 8-дневен куќен притвор и одземање на пасошите на членовите на „Левица„. Тие добија кривични пријава за дело „учество во толпа што ќе стори кривично дело“.
Државното обвинителство ја обжали и оваа одлука на кривичниот суд и бара построга мерка – наместо куќен притвор, затворски притвор за Савески и Куновски.
Минатиот петок, Кривичниот суд по жалба на одбраната, му го укина притворот и на првоосомничениот во „Транспортер“, секретар во Општина Битола и најблизок соработник на градоначалникот Владимир Талески.
Со ова Кривичниот совет ги преиначи сите одлуки на судијата на претходна постапка со кои им беше одредена мерка притвор на тројца осомничени во случајот.