ЗА ВАРДАР ЌЕ СЕ НАВИВА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА НА ВИДЕО БИМ, КОНЦЕРТОТ НА СТИНГ ЌЕ ДОЦНИ ПОЛОВИНА ЧАС

    ЗА ВАРДАР ЌЕ СЕ НАВИВА НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА НА ВИДЕО БИМ, КОНЦЕРТОТ НА СТИНГ ЌЕ ДОЦНИ ПОЛОВИНА ЧАСВардар вчера на сензационален начин го победи гигантот Барселона со 29:27. (Фото: ЕПА)

    По пласманот на ракометарите на Вардар во финалето на Лигата на шампиони, Град Скопје денеска на Плоштадот Македонија ќе организира заедничко гледање на финалниот натпревар на видео бим.

    Градоначалникот Петре Шилегов вчера еден час по завршување на полуфиналниот натпревар во кој Вардар на сензационален начин го победи гигантот Барселона со 29:27, на својот фејсбук профил напиша дека на плоштадот ќе биде поставен голем бим за заедничко гледање и бодрење на Вардар.

    Поради пласманот на Вардар во финалето, одложен за половина час ќе биде и вечерашниот концерт на Стинг, на арената „Тоше Проески“. Првпат во својата повеќедецениска кариера, големиот британски музичар го помести почетокот на свој концерт од една ваква причина.

    Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот, а музичкиот спектакл на стадионот „Тоше Проески“ оригинално требаше да стартува во 20 часот, но поради натпреварот настапот на триото на Влатко Стефановски ќе почне во 20.30 часот, а Стинг излегува на сцена во 22 часот, половина час подоцна од предвиденото.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира