ЗАБРАНА ЗА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ ВО ЛОКАЛИТЕ, НА МАСА САМО ПО 4 ГОСТИ, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗАБРАНА ЗА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ ВО ЛОКАЛИТЕ, НА МАСА САМО ПО 4 ГОСТИ, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИНовите рестрикции следат откако деновиве земјава бележи рекордна дневна бројка на новозаболени од ковид-19, завчера и вчера имаше по 225 и 243, денес 191, а Филипче кажа дека најголем раст на новозаболени се во возрасните групи од 20 до 30 и од 30 до 40 години- Вработена дезинфицира угостителски објект во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата на денешната седница од 18 часот ќе одлучува за новите предлози  за рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести , најави министерот за здравство Венко Филипче во ТВ-интервју.

    Комисијата за заразни болести предгала:

    • Да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објеки
    • Се намалува гласноста на музиката до 55 децибели, согласно правилникот на Министерството за здравство, за да се намали концентрацијата на луѓе во објекти
    • Да се намали бројот на гости на една маса во угостителските објекти, од 12 на 4 лица

    „Потсетуваме дека дискотеките и ноќните клубови не ни добија дозвола за работа по полноќ. Сите работат до 12 часот во работните денови и до 1 по полноќ за викендот“, кажа Филипче.

    Новите рестрикции следат откако деновиве земјава бележи рекордна дневна бројка на новозаболени од ковид-19. Завчера и вчера имаше по 225 и 243, а денес 191.

    Филипче кажа дека најголем раст на новозаболени се забележува во возрасните групи од 20 до 30 години и од 30 до 40 години. Нема зголемување на стапката до 10 години и од 10 до 20 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира