ЗАБРАНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОСТИ ДОМА, НОСЕЊЕ МАСКИ И НА ОТВОРЕНО, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    ЗАБРАНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 4 ГОСТИ ДОМА, НОСЕЊЕ МАСКИ И НА ОТВОРЕНО, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИНовите мерки кои ги предлага Комисијата до Владата ги кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче и се предложени бидејќи најголем број од новите случаи се од забави по домови. (Фото: К.Попов)

    Се забрануваат семејни собири, слави и прослави во домови, а маска задолжително треба да се носи секаде, предлага Комисијата за заразни болести како нови мерки за заштита од ширење од коронавирусот. Новите мерки кои ги предлага Комисијата до Владата ги кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче и се предложени бидејќи најголем број од новите случаи се од забави по домови.

    • Забрана на семејни прослави, забави, слави и други собири. Во домовите можат да се примат најмногу четворица гости за да се избегне забавите да се префрлат од кафулињата и рестораните во домашни услови.
    • После 22 часот се забранува групирање на повеќе од четири лица било да е тоа отворен или затворен простор
    • Задолжително носење маски секаде, при престој на отворено, на работно место, во јавен транспорт, во приватни возила ако лицата не живеат заедно. Исклучок ќе биде да не мора да се носат маски при спортување и за деца до 6 години.

    „Секој како ќе излезе од дома ќе мора да носи маска. Поригорозни мерки планираме апсолутно. Можна е и рестрикција на движењето“, кажа Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира