ЗАЕДНО ЌЕ ГРАДИМЕ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА БАЛКАНОТ, РЕКОА ЗАЕВ И БОРИСОВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН ВО БЛАГОЕВГРАД

    ЗАЕДНО ЌЕ ГРАДИМЕ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА БАЛКАНОТ, РЕКОА ЗАЕВ И БОРИСОВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ИЛИНДЕН ВО БЛАГОЕВГРАДОва е втор пат Макеоднија и Бугарија заедно да го слават Илинден откако лани на 2 август по потпишување на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство го посетија гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.(Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов денеска во Благоевград, пред споменикот на Гоце Делчев заедно ја одбележаа 115-годишнината од Илинденското востание.

    Ова е втор пат Макеоднија и Бугарија заедно да го слават Илинден откако лани по потпишување на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство го посетија гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.

    „Нема поголема порака од тоа дека Македонија и Бугарија си подадоа рака за развој на билатералните односи. Поддршката од Бугарија дојде во најкритичните мигови за Македонија. Имаме историска шанска да станеме членка на Европската унија и НАТО. Заедно ќе ја градиме нашата иднина“, рече Заев на чествувањето во Благоевград.

    Бугарскиот премиерот Бојко Борисов рече дека Бугарија силно ќе ја поддржува Македонија на евро-атланскиот пат, а со потпишувањето на Договорот за пријателство билетарните односи меѓу двете се посилни од било кога.

    „Лани на овој ист ден со премеирот Заев во Скопје се поклонивме на гробот на нашиот херој Гоце Делчев, денеска заедно сме тука. Ги славиме нашите херои заедно и станавме пример во Европа. Бугарија, Македонија, Грција, Србија, Косово и Албанија, се обидуваат да го направат Балканот просперитетен регион, а не буре барут како што беше препознатлив“, рече Борисов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира