ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА БУГАРИЈА ОТИ ТАА МОРА САМА ДА СЕ СПРАВИ СО ТЕМНИТЕ СТРАНИ НА СВОЕТО МИНАТО, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА СТЕФОСКА

    ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА Ѝ ПОМОГНЕ НА БУГАРИЈА ОТИ ТАА МОРА САМА ДА СЕ СПРАВИ СО ТЕМНИТЕ СТРАНИ НА СВОЕТО МИНАТО, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА СТЕФОСКА„Убедена сум дека премиерот буквално сака да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество, како и секое друго, мора самото да се справува со темните страни од своето минато“, рече Стефоска која е доктор по историски науки. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Заев не може да ѝ помогне на Бугарија, оти бугарското општество мора самото да се справува со темните страни од своето минато, рече денеска министерката за култура Ирена Стефоска, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира ставовите на премиерот изнесени во вчерашното интервју за бугарската агенција „БГНЕС“. Стефоска е доктор по историски науки и редовен професор во Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

    „Убедена сум дека премиерот буквално сака да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите напори тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество, како и секое друго, мора самото да се справува со темните страни од своето минато“, рече Стефоска, на денешната прес-конференција на која го претстави граѓанскиот буџет на Министерството за култура за 2021.

    Таа додаде дека историјата и идентитетските прашања не смее да бидат услов и пречка за европската интеграција, оти ако е така тогаш нема ни да постоти Европската унија.

    Стефоска кажа дека има многу примери како се работи на справување со минатото, и го спомена германскиот канцелар Вили Брант, кој пред педесет години при посетата на Полска клекна пред споменикот на хероите и на тој начин побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна, со што го отвори патот на процесот на простување.

    Премиерот Заев во интервјуто за „БГНЕС“ кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку наши пријатели. Заев рече дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје. Тој кажа и дека дека политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

    Денеска Заев изрази жалење што неговото интервју за бугарскиот медиум предизвикало толку силни негативни емоции, за кои вели дека е целосно свесен и ги разбира до детал. Тој кажа дека нашата држава почива на антифашизмот, но неприфатливо е на фашизмот да му се дава етнички карактер.

    „Нашата државност почива на делата на антифашизмот. Нашата слобода е резултат на антифашизмот. Македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија и го оствари својот вековен идеал за своја држава со АСНОМ-ска Македонија. АСНОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет“, кажа Заев и додаде:

    „Но, во исто време имам обврска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение на прашањата што се отворија со Република Бугарија и што станаа пречка за одобрување на рамката за преговори со Европската Унија. И двата народа, и Македонците и Бугарите, треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме и одржиме капацитет за разбирање и за простување. Европските народи се договорија да не заборават, но да си проста заради иднината“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира