ЗАЕВ ПРВПАТ НА ГОСТИ КАЈ ПЕНДАРОВСКИ, НЕ ДАДОА ИЗЈАВИ

    ЗАЕВ ПРВПАТ НА ГОСТИ КАЈ ПЕНДАРОВСКИ, НЕ ДАДОА ИЗЈАВИПретседателот и премиерот не кажаа за што разговарале, бидејќи од кабинетот на Пендаровски рекоа дека не се предвидени изјави за медиумите, туку по завршување на средбата ќе пратат официјално соопштение (Фото: К. Попов)

    Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев попладнево ја имаа првата средба во претседателската вила на Водно, откако петтиот претседател стапи на функцијата по инаугурацијата на 12 мај.

    Заев не беше на инагурацијата на Пендаровски, бидејќи од 10 до 14 мај беше на одмор, па првата официјална средба со претседателот ја имаше денеска.

    За што разговарале не кажаа, бидејќи од кабинетот на Пендаровски рекоа дека не се предвидени изјави за медиумите, туку по завршување на средбата ќе пратат официјално соопштение. Средбата на почетокот беше отворена само за фотографи и сниматели.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира