ЗАСАДЕНИ ДРВЈАТА НА ПЛОШТАД КОИ БЕА ОТСТРАНЕТИ ЗА ПОСЕТАТА НА ПАПАТА

    ЗАСАДЕНИ ДРВЈАТА НА ПЛОШТАД КОИ БЕА ОТСТРАНЕТИ ЗА ПОСЕТАТА НА ПАПАТАЕкипи на ЈП „Паркови и зеленило" со специјалната машина за пресадување прво ископаа дупка, а потоа во неа ги засадија двете дрвја. (Фото: К. Попов)

    Дрвјата на Плоштад Македонија кои беа отстранети за литургијата на папата Фрањо, денеска повторно беа засадени. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило” со специјалната машина за пресадување прво ископаа дупка, а потоа во неа ги засадија двете дрвја.

    „Откако ги извадивме дрвјата беа пресадени во расадникот во Бутел. Не се уништени”, велат од ЈП „Паркови и зеленило”.

    Дрвјата од Плоштадот беа отстранети на 2 мај поради безбедносни причини за посетата на папата. Покрај дрвјата, денеска се монтираа и канделабрите кои исто така беа извадени.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира