ЗОРИЦА Ѝ ПОДАРИ НА ПЕРИСТЕРА ОХРИДСКИ БИСЕРИ, А ОД НЕА ДОБИ СВИЛЕНА МАРАМА

    ЗОРИЦА Ѝ ПОДАРИ НА ПЕРИСТЕРА ОХРИДСКИ БИСЕРИ, А ОД НЕА ДОБИ СВИЛЕНА МАРАМАПо прошетката низ скопското Кале, Заева и Базијана беа на ручек во еден скопски ресторан со поглед на Старата скопска чаршија, каде си разменија подароци. (Фото: АНА-МПА)

    Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, и партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Перистера Бети Базијана, на денешниот заеднички ручек си размениле подароци. Заева ѝ подарила на Базијана охридски бисери, а таа нејзе свилена марама со цртежи од грчкиот сликар Јанис Моралис.

    Додека Заев и Ципрас имаа средба во Владата, а потоа учествуваа на бизнис форумот со македонките и грчките бизнисмени, Заева и Базијана беа на прошетка низ скопската тврдина Кале. Од таму заминаа на ручек во еден скопски ресторан со поглед на Старата скопска чаршија.

    Партнерката на Ципрас, Бети Базијана по пристигнувањето во Скопје утрово беше и на гробот на Гркот Зорба на скопските грoбишта Бутел, каде положи цвеќе.

    Таа живее со Ципрас повеќе од 20 години како невенчана сопруга и имаат два сина. Базијана е електротехнички инженер, не сака медиумско внимание и ретко се појавува во јавноста.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира