ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ДАЛА КОНЦЕСИИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ РУДА ВО 22 ОПШТИНИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

    ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ДАЛА КОНЦЕСИИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ РУДА ВО 22 ОПШТИНИ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со премиерот Емил Димитриев и вицепремиерот Владимир Пешевски на одбележувањето на почетокот на изградба на рудникот Казандол во Валандово на 25 август 2016 година, кога најави изградбата на 10 пати поголем рудник во Старо Нагоричане. (архивска фотографија)

    Владата на Никола Груевски на седница во 2014 година донела одлука да се издаваат концесии за проспекциски геолошки истражувања за металични минерални суровини речиси за цела источна Македонија. Во одлуката објавена во Службен весник на 30 септември, 2014 и потпишана од тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски, стои дека Владата дозволува да се прават истражувања во дури 22 општини од Источна Македонија за да се откријат нови локалитети – перспективни за понатамошни детални геолошки истражувања како и за откривање на нови наоѓалишта на металични минерални суровини .

    Во одлуката објавена во Службен весник на 30 септември, 2014 и потпишана од тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски, стои дека Владата дозволува да се прават истражувања во дури 22 општини од Источна Македонија. На 6 март годинава, Пешевски како технички вицепремиер, на бизнис форум во Торонто пред околу 100 потенцијални инвеститори од рударскиот сектор ги презентираше можностите за отварање рудници во Македонија

    Според тогашната одлука, предмет за доделување концесии за вршење на проспекциски геолошки истражувања се два простора. Во првиот спаѓаат општините Делчево, Пехчево, Берово, Радовиш, Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Македонска Каменица, додека за простор два се општините Радовиш, Василево, Струмица, Дојран, Валандово, Богданци, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Градско, Демир Капија и Конче.

    ,,Како основни цели за доделување на концесиите за вршење на проспекциски геолошки истражувања е откривање на нови локалитети на дел од територијата на Република Македонија перспективни за понатамошни детални геолошки истражувања за металични минерални суровини, а концесиите за просторите се доделуваат поодделно“, стои во одлуката објавена во Службен весник.

    Според Регистерот на склучени договори за концесја на детални геолошки истражувања од 5 април, 2016, кој стои на вебстраната на Министерството за економија, случени се 43 договори, од кои 18 се за металични минерални суровини, бакар, злато, сребро, олово, цинк, молибден, хром и јаглен.


    Според Регистерот на склучени договори за концесја на детални геолошки истражувања од 5 април, 2016, кој стои на вебстраната на Министерството за економија, случени се 43 договори, од кои 18 се за металични минерални суровини, бакар, злато, сребро, олово, цинк, молибден, хром и јаглен; – Канадската компанија „Невсун“ на својата вебстрана ги објавила истражувањата во Коњско – Гевгелија и Двориште – Берово

    Фирмите со кои е склучен договор се „Сурскор – Скопје“ за локалитетот Башибос-Бајрамос-Дојран, „Резервоар минералс Македонија – Скопје“ за Коњско-Гевгелија и Двориште – Берово, „Интернешенал мајнинг компани“ за Коњска река- Гевгелија и Стара Корија – Липково, „Минералитас КД – Скопје“ за Арничко – Кавадарци, за Зелен Град, село Јамниште- Пробиштип и за Лавци – Ресен, „Инфогруп – Скопје“ за Мајден – Кавадарци, „Сардич МЦ – Скопје“ за Плавуш – Валандово и Струмица и за Петрошница – Старо Нагоричане, „Калтун маденџилик – Скопје“ за Саса – Македонска Каменица, ЕЛЕМ за Лавци – Ресен, за Стар Истевник – Панчарево и за Звегор-Стамер – Делчево, „Прв рудар – Скопје“ за Плавица и Црн Врв – Кратово, „Огражден – Микромиск – Струмица“ за Хамзали 2 – Босилово, и „Вардар реурсес интернационал – Скопје“ за Шопур – Радовиш и Штип.

    Одлуката објавена во Службен весник на 30 септември, 2014 и потпишана од тогашниот вицепремиер Владимир Пешевски

    На 6 март годинава, Пешевски како технички вицепремиер, на бизнис форум во Торонто пред околу 100 потенцијални инвеститори од рударскиот сектор ги презентираше можностите за водење на бизнис, како и инвестициските можности во Република Македонија, со особен фокус на можностите за инвестирање во секторот рударство.

    „Македонија е земја богата со минерални ресурси. Во моментов во фаза на отворање се девет нови рудници за метални руди, се вршат геолошки истражувања на дополнителни девет локации, а четири потенцијални локации се во фаза на подготовка за геолошки истражувања. Геолошките истражувања покажуваат дека во почвата има присуство на повеќе видови на метални руди: олово, цинк, бакар, злато, сребро, никел, манган, антимон и железо“, изјави  Пешевски во Торонто.

    Граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“, која иницираше референдум на кој гевгеличани се спротиставија за отварање какви било рудници во нивната општина, велат дека ваквата одлука на Владата отвара постапка за можни рударски капацитети во повеќе општини во источна Македонија. Немаат конкретни сознанија кој сѐ добил концесија за истражувања, но велат дека биле изненадени кога од веб страната на канадската компанија „Невсун“ дознале дека таа има ексклузивно право за истражување во речиси цела источна Македонија.

    Канадската компанија „Невсун“ преку „Резервоар минералс Македонија – Скопје“ има две конесии за истражување рудни суровини во Коњско-Гевгелија и Двориште-Берово што истекуваат на 4 јули годинава (Фото: СДК.МК)

    „Кога ја видовме картата што ја објави компанијата ‘Невсун’ на нивната официјална страна, инаку сопственик на фирмата ‘Резервоар минералс Македонија – Скопје’, сфативме дека не е само Гевгелија на удар туку и други општини. Ова значи дека им е дадено ексклузивно прво за проспекциски геолошки истражувања на една четвртина од територијата на Република Македонија. Според она што го гледаме, ‘Невсун’ планира рудник ако се покажат резултати и во Двориште, беровско. Така им стои на нивната официјална страна. Ова значи дека опасноста од отварање рудници во овој дел на Македонија стои“, вели Ангел Наков од граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“.

    „Кога ја видовме картата што ја објави компанијата ‘Невсун’ на нивната официјална страна, сфативме дека не е само Гевгелија на удар туку и други општини се на удар за рудници“, вели Ангел Наков од граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“ што го покрена успешниот референдум против рудници на Кожуф (Фото: СДК.МК)

    Од Министерството за економија потврдија дека во 2014 е почната постапка за доделување концесии за проспекциски детални геолошки истражувања за два простора во источна Македонија на површина на 22 општини. Не конкретизираа за кои локалитети се доделени концесии, но потврдија дека двата простора ќе ги истражува компанијата на „Резервоар Минералс Македонија – Скопје“.

    ,,На јавниот повик за овие два простори се доделени под концесија за вршење проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини за што се и склучени договори за концесија со фирмата ‘Резервоар Минералс Македонија ДООЕЛ Скопје’“, велат од Министерството за економија.

    Ова фирма сѐ уште го истражува локалитетот Коњско на планината Кожуф. Нивната концесија за детални геолошки истражувања трае до 4 јули годинава.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира