ДВА ДЕНА СПОКОЈ

Што да мислам за годината која почна со жестоки кавги за Тома и за Ноле?

ДВА ДЕНА СПОКОЈ

Ех, кога секој ден би бил Бадник или Божик. Уште да го немаше и ова омикронов, па да си поуживавме во здодевноста. Плус, да ти е милина да ги читаш честитките на политичарите. Блика љубов, разбирање, солидарност, емпатија… Дури и троловите на социјалните мрежи тихуваат.

Ех, колку би било убаво политичарите кои денеска милозвучно ни се обраќаат, да си ги сфатат празничните пораки како одлука што ќе им направи промена во животот. Ама не како што обично си викаме – од понеделник ќе се ставам на диета, од понеделник ќе престанам да пушам, од понеделник ќе почнам да вежбам, туку тие стварно цврсто да одлучат – од понеделник ќе го почитувам поинаквото мислење, ќе работам за заедничко добро и најважно, нема да ширам омраза сeкој ден уште од сабајле со секое партиско соопштение.

Ама, знаеме дека не бива таа работа.

Денеска и луѓето, не само политичарите, среќа на сите посакуваат, а од утре пак ќе се вратат на клетвите. Денеска за мир божји зборуваат, од утре ќе го повикуваат Господ да ги казни тие што не мислат како нив. Денеска за толеранција и заеднички вредности мудруваат, а од утре пак по старо – ќе навредуваат по сите основи, дали партиска припадност, дали националност, дали сексуална определба, дали вакцинален статус… А бе, расправајќи за дилемата дали треба да се почитува австралиски закон или тоа што Новак Ѓоковиќ не сакал да се вакцинира против ковид, пријатели сешто си изнакажаа.

Да си поуживаме уште некој ден во празничниот спокој. Од понеделник ќе се избира новата влада. А и новиот бугарски премиер рече дека ќе дојде во Скопје. И, земјава ќе се врати во нормала.

Што да мислам за годината која почна со жестоки кавги за Тома и за Ноле?

АУДИО ВЕРЗИЈА – AUDIO PODCAST

Се согласувам со политиката на приватност
Внесете валидна е-маил адреса
Емаил адресата е веќе регистрирана!
The security code entered was incorrect
Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира