ЃОКОВИЌ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО АВСТРАЛИЈА И ПРЕД ИСТЕКОТ НА ТРИГОДИШНАТА ЗАБРАНА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ МОРИСОН

    ЃОКОВИЌ БИ МОЖЕЛ ДА СЕ ВРАТИ ВО АВСТРАЛИЈА И ПРЕД ИСТЕКОТ НА ТРИГОДИШНАТА ЗАБРАНА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ МОРИСОНЃоковиќ вчера беше депортиран од Австралија (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ би можел да се врати во Австралија порано од очекуваното, изјави премиерот Скот Морисон. Најдобриот светски тенисер вчера беше депортиран откако ја изгуби десетдневната битка за виза, со што, според австралиските имиграциски закони, му следува тригодишна забрана за влез во земјата.

    „Забраната изнесува три години, но постои можност за него да се врати порано во вистинските околности и тоа ќе биде разгледано кога ќе дојде време“, кажа Морисон.

    Ѓоковиќ ја изгуби судската борба за враќање на визата непосредно пред почетокот на Отвореното првенство во Австралија, каде што очекуваше да се бори за рекордната 21. гренд слем титула. Требаше да игра подоцна денеска, но место тоа, вчера беше испратен до авионот на „Емирејтс“ за Дубаи, како попатна станица кон Белград.

    Морисон кажа дека Ѓоковиќ беше депортиран зашто се обидел да ги прекрши правилата за влез во земјата.

    „Правилата се јасни: или си вакциниран или поседуваш валидно медицинско изземање и покажуваш доказ за него“, рече тој.

    Српскиот тенисер беше принуден да ја напушти Австралија откако судиите ја поддржаа одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок по вторпат да му се одземе визата. Тој допатува во Мелбурн со медицинско изземање од вакцинирањето, што му било одобрено од два независни медицински панела врз основа на позитивниот тест за коронавирус од декември, но австралиските власти сметаа дека за тоа немало доволно оправдана причина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира