МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ВТОРПАТ ОДИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ВТОРПАТ ОДИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВООдбојкарите вечерва со 3:1 ја победија Турција.(Фото:Ѓ.Личовски)

    Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди учество на Европското првенство кое во втората половина од годинава ќе се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска.

    Македонските одбојкари вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје во рамките на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство ја совладаа репрезентацијата на Турција со 3:1 во сетови. Претходно нашата репрезентација двапати ја победи Босна и Херцеговина, а загуби во првиот натпревар против Турција.

    Со денешната победа Македонија се најде на второто место во групата и заедно со Турција како првопласирана избори пласман на Европското првенство. Оваа е вторпат наша одбојкарска репрезентација да игра на едно големо натпреварување откако пред две години за првпат играше на Европското првенство во Словенија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира