НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГЕРМАНЕЦ, САКАМ ДА МЕ ПОГРЕБАТ ВО ВИМБЛДОН, ВЕЛИ ТЕНИСКАТА ЛЕГЕНДА БОРИС БЕКЕР

    НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГЕРМАНЕЦ, САКАМ ДА МЕ ПОГРЕБАТ ВО ВИМБЛДОН, ВЕЛИ ТЕНИСКАТА ЛЕГЕНДА БОРИС БЕКЕР „Најверојатно нема да се вратам во Германија. Имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Мојот дом е Лондон“, вели тениската легенда Борис Бекер. (Фото:ПА)

    Поранешниот германски тенисер Борис Бекер вели дека веќе не се чувствува како Германец и дека сака да биде погребан, како што тој кажа, во неговиот дом Вимблдон. Трикратниот шампион на гренд слемот Вимблдон, кој годинава банкротираше, е роден и израснат во Лајман во Германија, но живее во Лондон повеќе години. Во моментов живее само 2.300 чекори оддалечен од тенискиот клуб, каде што за првпат освои трофеј како 17-годишник во 1985 година.

    Во спротивен правец од куќата на Бекер се наоѓаат „Геп роуд“ гробиштата, место со пространи зелени ливади и две капели. Тој вели дека тоа е местото каде сака да биде погребан. Бекер утре полни 50 години. Со само сиви надгробни плочи, без помпезни споменици, германските медиуми гробиштата „Геп роуд“ ги опишуваат како „многу британски“.

    Гроб таму може да се закупи на 50 или на 75 години и ќе го чини Бекер околу 8.860 фунти.
    Објаснувајќи ја неговата одлука, Бекер вели: „Најверојатно нема да се вратам во Германија. Имам германски пасош, но не се чувствувам како Германец. Мојот дом е Лондон“.

    Лондонскиот суд за банкроти го прогласи Бекер за банкротиран, откако не успеа да плати долг стар една година. Сепак, тој инсистира дека нема финансиски проблеми и дека спорот е за каматата која што ја должи. Милионер од 18 години, Бекер собра 22 милиони фунти од тениски награди и плус многу пари од договорите за спонзорства.

    Минатото лето, како што вели тој, бил принуден да преземе драстични мерки да ги плати долговите кон неговиот поранешен швајцарски бизнис партнер д-р Ханс Дитер Клевен, кој се закани дека ќе поднесе барање за 32 милиони фунти.

    Германскиот дневен весник „Билд“ објави дека Бекер ставил под хипотека неколку имоти, кои што ги поседува, вклучувајќи го и имотот што го поседува неговата мајка, за да може да ги плати големите долгови.

    Д-р Клевен вели: „Тој му рече: ‘можам да ти го дадам мојот имот во Мајорка во Шпанија да го користиш како што сакаш’. Јас му одговорив: ‘Борис мора да те потсетам, дека тој веќе ми припаѓа мене’“.

    74-годишниот бизнисмен, наведен како 399. најбогат Швајцарец, рече дека неговите адвокати откриле дека Бекер веќе го ставил имотот на Мајорка под хипотека, неколку дена порано, кај пријател во Лондон кој му дал неколку милиони долари, заедно со куќата. Д-р Клевен, исто така, вели дека откриле дека Бекер има хипотеки на повеќе свои имоти, како што е куќата на неговата мајка во Лајман.

    Тој вели: „Често ме прашуваат зошто не се заштитив, но тогаш Борис беше мој бизнис партнер и нештата беа добри. Мислев дека не можев истовремено да ставам хипотека на неговиот имот. Ако се обидев да го направам тоа, како на пример со куќата на неговата мајка, ќе наидев на голем бес. Сакав да избегнам публицитет“.

    Заедно со Бекер, д-р Клевен ја формираше „Бекер-Клевен фондацијата“, откако тенискиот ас наводно му ветил на Клевен дека рекетите од неговата компанија за спортска опрема „Фелкле“ ќе ги направи меѓу најупотребуваните во светот.

    Но, соработката меѓу двајцата брзо заврши, а локалните швајцарски медиуми велат дека Клевен не го одобрувал бурниот приватен живот на Бекер. Според д-р Клевен, големи суми од она што треба да му го исплати Бекер ќе го искористи за фондацијата која што се фокусира на децата и нивниот здрав развој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира