ШУМАХЕР СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ОДИ, ОТКРИ НЕГОВИОТ АДВОКАТ НА СУДЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Германија,(Би-Би-Си)

    ШУМАХЕР СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ОДИ, ОТКРИ НЕГОВИОТ АДВОКАТ НА СУДЕЊЕ

    Адвокатот на Михаел Шумахер кажа во суд во Германија дека поранешниот светски шампион во Формула 1 „не може да оди“ по неговата скијачка несреќа.

    Феликс Дам ја образложи природата на повредите на Шумахер на судењето за тужбата против германскиот магазин „Бунте“. Минатиот Божик, магазинот објави дека седумкратниот светски шампион повторно може да оди. Но, Дам откри дека 47-годишниот Шумахер не може ниту да стои со помош на специјалисти. „Бунте“ цитираше извор на крајот на минатата година, кој велеше дека Шумахер може да направи неколку чекори со помош на физиотерапевти и може да ја крене раката.

    Тогаш, агентот на Шумахер, Сабине Кем, пушти соопштение, демантирајќи ја приказната.

    „За жал, принудени сме да појасниме дека неодамнешниот медиумски извештај дека Шумахер може повторно да се движи не е вистинит. Таквите шпекулации се неодговорни, бидејќи со оглед на сериозноста на неговите повреди, неговата приватност е многу важна. За жал, тие, исто така, им даваат лажна надеж на многу луѓе“, соопшти таа.

    Шумахер претрпе тешки повреди на главата во скијачка несреќа во Франција во 2013 година. Многу малку се знае за процесот на закрепнување на спортската легенда, бидејќи неговата фамилија ја штити неговата приватност.

    Во февруари, неговиот поранешен шеф во Ферари, Лука ди Монтеѕемоло кажа „имам вести и, за жал, не се добри“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира