АКО РУСИЈА НЕ ПРЕСТАНЕ ДА ГО КРШИ ДОГОВОРОТ ЗА НУКЛЕАРНИ РАКЕТИ, САД ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ СООДВЕТНО, РЕЧЕ МАТИС

    АКО РУСИЈА НЕ ПРЕСТАНЕ ДА ГО КРШИ ДОГОВОРОТ ЗА НУКЛЕАРНИ РАКЕТИ, САД ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ СООДВЕТНО, РЕЧЕ МАТИС„Да нема грешка, моменталната состојба, при што Русија грубо го крши овој договор, е неодржлива“, рече секретарот за одбрана на САД Џим Матис на средбата со министрите за одбрана на НАТО во Брисел (Фото: АП)

    Секретарот за одбрана на САД Џим Матис рече дека руското инсталирање на нуклеарни ракети е кршење на договорот за вооружување и е неодржливо, и ако Москва не го промени тоа САД ќе мора да даде соодветен воен одговор. Во разгвоор со новинарите на затворањето на средбата на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Матис рече дека САД ги разгледува диплoматските и воени опции затоа што Русија континуирано го крши Договорот за нуклеарно оружје со среден домет од 1987.

    „Русија мора да се врати на почитување на договорот, во спротивно САД ќе мора да одговори на нејзиното непочитување на специфичните ограничувања во договорот“, рече Матис и додаде: „Да нема грешка, моменталната состојба, при што Русија грубо го крши овој договор, е неодржлива“.

    Матис рече дека тој и неговите колеги од НАТО ги разгледувале опциите за можен одговор и дека тој одговарал на прашања од сојузниците.

    „Нема несогласување меѓу нас за фактот дека Русија го крши договорот“, рече Матис но одби да одговори кои опции ги разгледува САД.

    „Ќе возвратиме како што мислиме дека е соодветно. Но уште се обидуваме да ги убедиме да се придржуваат до договорот. Сега е време. Ова отиде предалеку“, рече Матис.

    САД смета дека рускиот систем 9М729 го крши пактот постигнат по Студената војна со кој има забрана за користење на цела класа оружје – сите нуклеарни и конвенционални ракети со среден домет. Договорот беше клучен за контрола на оружјето во последните години на Студената војна.

    САД прво ја обвинија Русија во почетокот на минатата година дека намерно поставува ракети за да му се закани на НАТО. Русија смета дека ракетниот одбранбен штит на САД го крши договорот. Порано, администрацијата на Обама неуспешно се обидуваше да ја убеди Русија да го почитува договорот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари