АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА БАРА ЖЕНИТЕ ДА ГО ОТКРИЈАТ ЛИЦЕТО, СТАПИ НА СИЛА ЗАБРАНАТА ЗА НОСЕЊЕ БУРКА

    АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА БАРА ЖЕНИТЕ ДА ГО ОТКРИЈАТ ЛИЦЕТО, СТАПИ НА СИЛА ЗАБРАНАТА ЗА НОСЕЊЕ БУРКАДенес една муслиманка во австрискиот град Цел ам зее која се спротивстави на новите правила и на улица излезе со превез на лицето, отакко беше забележана од полицијата и беше кажано да го отсрани превезот

    Жена муслиманка беше принудена да го отстрани превезот од лицето, бидеќи денес во Австрија стапи на сила новиот закон со кој се забранува целосно покривање на лицето.

    Бурка со целосен превез на лицето, според овој закон, муслиманките во Австрија ќе можат да носат само под одредени услови, односно само на „културни настани“.

    Според официјалните лица  секој што ги крши правилата ќе биде парично казнет со 150 евра.

    “Прифаќањето и почитувањето на австриските вредности се основни услови за успешен соживот меѓу мнозинското австриско население и луѓето од трети земји што живеат во Австрија”, велат властите од Виена.

    Бројот на жени што носат целосен превез за лице е мал низ цела Европа.

    Оваа забрана за целосно покривање на лицето во Австрија се очекува да влијае на само 150 жени, а тоа е 0,03 отсто од австриското муслиманско население или 0,002 отсто од вкупното население во оваа земја.

    Во Франција, првата европска земја која ја забрани бурката, во 2007 година, владините документи покажаа дека забраната влијае на 1.900 жени, или на 0,04 отсто од француското муслиманско население. Во Холандија, која лани спроведе делумна забрана за носење бурка, има 100 до 500 жени кои носат превез на лице.

    Лани во декември германската канцеларка Ангела Меркел повика на забрана за бурка во Германија, велејќи дека “нашиот закон има предност пред кодексите за чест, племенски или семејни правила и над шеријатскиот закон”. Бројките покажуваат дека таквата забрана ќе влијае на релативно малку жени во Германија, каде дури 70 отсто од муслиманките не ја покриваат ни  косата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира