ГЕРМАНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКАРТИ ОДОБРИЈА ЛИДЕРОТ ШУЛЦ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВА КОАЛИЦИЈА СО МЕРКЕЛ

    ГЕРМАНСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКАРТИ ОДОБРИЈА ЛИДЕРОТ ШУЛЦ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВА КОАЛИЦИЈА СО МЕРКЕЛГерманските социјалдемократи, на чело со Мартин Шулц, изгласаа да започнат коалициски разговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел (Фото: Ројтерс)

    Германските социјалдемократи (СПД) денес гласаа за започнување формални коалициски разговори со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, придвижувајќи ја економската моќ на Европа поблиску до стабилна влада, по неколкумесечни политички ќорсокаци.

    Делегатите на СПД гласаа 362 за, наспроти 279 против, со еден воздржан, за да продолжат со преговорите.

    Пребројувањето се одржа откако првичното гласање со подигнување на раце, беше премногу тесно, за да се повика официјалниот претставник на СПД задолжен за пребројувањето и резултатот беше малку потесен што очекуваа повеќето аналитичари очекуваа.

    “Нам, се разбира, ни олесна“ изјави лидерот на СПД, Мартин Шулц, за телевизијата „Феникс “ по гласањето во Бон, главниот град на поранешната Западна Германија.

    Шулц веќе рече дека сите членови на СПД ќе гласаат за конечниот договор за коалиција.

    “Коалиционите разговори ќе бидат исто толку тешки како прелиминарните разговори”, рече Шулц. “Ние ќе разговараме со конзервативците во наредните денови и потоа се надевам дека наскоро ќе ги почнеме преговорите “.

    Меркел ја поздрави одлуката на СПД, велејќи дека се надева на интензивни разговори фокусирани на постигнување на заклучок.

    “Планот од прелиминарните разговори е рамката во која ќе преговараме и има уште многу прашања за детално расчистување, за што ќе бидат потребни интензивни разговори”, изјави Меркел за новинарите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари