ИРАНСКИ МИЛИЈАРДЕР СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ УАПСЕН ВО САД ЗА КРШЕЊЕ САНКЦИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(Хуријет)

    ИРАНСКИ МИЛИЈАРДЕР СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ УАПСЕН ВО САД ЗА КРШЕЊЕ САНКЦИИ

    Американскиот јавен обвинител Прет Барара ја вклучи турската обемна истрага за корупција од 2013 во случајот на Реза Зараб, матниот турски бизисмен роден во Иран, кој беше уапсен во Мајами во март поради обиди да ги крши санкциите на САД кон Иран. Турскиот весник „Хуријет“ го цитира обвинителот Барара, кој изјавил дека Зараб имал и ирански и македонски пасош. По апсењето во Мајами Зараб, (32) кој носел 103.000 долари во кеш, тврдел дека има само турски пасош. Барара изјави и дека Зараб имал пасоши од три земји, Турција, Иран и Македонија, што му овозможувало лЕсно да патува во земјите од кои нема да може да биде екстрадиран

    Барара завчера изјави дека Зараб не треба да биде ослободен со кауција, и се повика на исходот од истрагата што беше покрената на 17 декември, 2013 во Турција, а чија цел беа високи членови на турската влада..

    „Обвинетитот го користел своето огромно богатство не само за да купи неколку куќи, јахти и други имоти, туку и да си купи пристап до корумпирани политичалари во Турција. Зараб беше уапсен во Турција во 2013 поради поткуп на турски владини претставници. Беше ослободен откако не беше покренато обвинение. Турскиот обвинител и полициските службеници кои ја водеа истрагата беа или суспендирани или уапсени“, се вели во обвинението на Барара.
    Зараб беше обвинет дека плаќал масивни поткупи на високи владини службеници во шемата во која биле вклучени министри во Турција. Во декември, 2013 беа покренати случаи за корупција на личности блиски до владата, што доведе до трајно непријателство меѓу владата на Партијата за правда и развој (АКП) на Реџеп Тајип Ердоган и движењето на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, зашто се сметаше дека истрагата ја покренале обвинители блиски до ова движење.

    Сулејман Арслан, поранешниот директор на државната банка „Халкбанк“, беше еден од осомничените во истрагата. Арслан беше обвинет за нелегални трансфери на злато во Иран во замена за пари преку „Халкбанк“, во партнерство со криминален синџир создаден од Зараб.

    Бидејќи немал врски со САД, Зараб добил значителна помош и можност да избега од Турција благодарение на неговите врски со поранешните миистри за економија Зафер Чаглајан,  за внатрешни работи Муамер Ѓулер, за европски прашања Егемен Багиш, и значајни семејни и бизнис контакти во странство.

    Адвокатот на Зараб во САД барал тој да добие куќен притвор и да биде пуштен со кауција од 50 милиони долари од кои 10 милиони во кеш. Отфрлајќи го барањето за кауција, Барара се повикал на резултатот од истрагата за корупција во Турција во 2013, на изјавите на Зараб во ТВ емисија на  19 април, 2014, на неговата електронската пошта, и на медиумските вести за неговата донација од 5 милиони долари за асоцијацијата основана од сопругата на Ердоган. Во барањето за ослободување со  кауција, Зараб ја споменал оваа донација како доказ дека тој е „милосрден бизнисмен“.

    Барара изјави дека тој кажал оти има годишен приход од 720.000 долари, иако јавно на ТВ кажал дека заработува над 11 милијарди долари годишно од извоз, меѓу кои и 3,5 милијарди од извоз на злато. Барара како доказ претставил и фотографии на златни прачки, позлатен пиштол, јахта и значителна сума кеш најдени во телефонот на Зараб, како доказ дека неговите изјави за приходи се невистинити.

    Судот на 2 јуни треба да објави дали ќе го ослободи Зараб од притвор со кауција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари