ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СМРТОНОСНИТЕ НАПАДИ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СМРТОНОСНИТЕ НАПАДИ НА АЕРОДРОМОТ ВО КАБУЛВо самоубиствените бомбашки напади загинаа 12 американски војници и над 60 цивили, а над 140 се ранети. (Фото: Толо)

    Исламската држава ја презеде одговорноста за смртоносниот напад пред аеродромот во Кабул, во кој загинаа 12 американски војници и над 60 цивили, а над 140 се ранети, објави Агенцијата Амак на групата на својот канал на Телеграм.

    Бомбаш-самоубиец од исламистичката милитантна група „успеа да стигне до голема група преведувачи и соработници со американската армија во Кампот Баран близу аеродромот во Кабул и меѓу нив го активираше својот појас со експлозиви, при што загинаа околу 60 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети, меѓу кои и талибански борци“, се вели во соопштението.

    ИСИС-К, или поточно Исламска држава на провинцијата Корасан (ИСКП) е регионална група на ИСИС (Исламска држава)која е активна во Авганистан и Пакистан, таа е најекстремната и најнасилна од сите милитантни групи во Авганистан. Создадена е во јануари 2015, во врвот на силата на ИСИС во Ирак и Сирија, пред самопрогласниот калифат да биде поразен од коалицијата предводена од САД. Групата регрутира и авганистански и пакистански џихадисти, а особено отпадници од авганистанските талибанци кои сметаат дека нивната организација не е доволно екстремна.

    Генералот Кенет Мекензи од Главната команда во Пентагон претходно рече дека двајца бомбаши-самоубијци за кои се проценува дека се борци на ИСИС (Исламска држава), го нападнале аеродромот и хотелот во близина.

    „Нападот врз влезот Аби Гејт беше проследен од бројни вооружени лица на ИСИС кои отворија оган врз цивили и воени сили“, рече тој и потврди дека 12 американски војници загинаа во нападот, а дека има и многу повредени.

    На прашањето како бомбашите успеале да им се приближат на американските сили, Мекензи дека „очигледно имало пропуст“ од талибанските сили што ги проверувале луѓето надвор од аеродромот. Тој рече дека САД „ќе се обидат да ги подобрат сите наши практики додека продолжуваме со операцијата за евакуација“. Талибанците претходно соопштија дека експлозиите се случиле во област под контрола на САД.

    Генералот Мекензи рече дека се очекува оти нападите ќе продолжат и дека САД се координира со талибанците да сторат се за тие да се спречат, како и дека ќе ги гонат одговорните за нападите. Тој рече и дека и покрај нападот, ќе продолжи мисијата за евакуација и дека околу 1.000 американски државјани се уште во Авганистан. Мекензи кажа дека нема краен рок кога треба да заврши спасувачката мисија, иако претходно претседателот Џо Бајден претходно рече дека повлекувањето ќе заврши до 31 август и нема продолжување на рокот.

    Околу 5.000 луѓе се на аеродромот и чекаат евакуација. Досега, 104.000 цивили се пренесени од Авганистан, од кои 66.000 превезле САД и 37.000 сојузниците и партнерите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира