МЕРКЕЛ СЕ РАЗОЧАРА ОД ТРАМП, САКА ДА ЈА ЈАКНЕ ЕВРОПА

    МЕРКЕЛ СЕ РАЗОЧАРА ОД ТРАМП, САКА ДА ЈА ЈАКНЕ ЕВРОПА(Фото: АП)

    Ангела Меркел често jа повторува приказната за тоа како за време на  комунистичка Источна Германија таа сонувала за пензионирање. Потоа, таа конечно би можеле да патува на Запад – и пред сѐ во Соединетите Американски Држави. За неа, САД значеле слобода – на мислење, религија, медиуми, патување. Сè. Се испостави дека нејзиниот сон се оствари многу побрзо.

    Во 1989 година падна Ѕидот и почна подемот на Меркел од анонимност до најмоќна жена во светот на политиката. Таа стварно ги посети САД, но како лидер на Германија, најважниот сојузник на Вашингтон во Европа.

    Но, сега таа пред себе гледа друг пат.

    „Помина времето кога можевме целосно да се потпираме едни на други, тоа е она што го доживеав во последните неколку дена”, рече вчера Меркел на политичкиот собир во Минхен, само што се врати од поделениот самит на Групата од седум светски сили  во Сицилија.

    Таа не се ни обиде да го прикрие разочарувањето, но се обиде прецизно да го изрази: Не од САД, туку од претседателот Доналд Трамп. Нејзиното разочарување беше исто така насочено и кон Велика Британија, која го сврте грбот на Европската унија (ЕУ) иако нејзиното присуство е многу потребно. Меркел е свесна за многуте гласови во САД кои, откако Трамп победи на изборите лани во ноември, во неа гледаат последна надеж за спас на либералните западни вредности. Таа на времето ги одби таквите размислувања како „сосема апсурдни”, но сега, дали намерно или не, таа ја полира оваа слика. Во минатото имало прашања и разлики, но таа никогаш не се сомневала дека САД беа најважниот партнер, бидејќи Германија, како и САД ги делат истите вредности за слобода, еднаквост, човекови права и правда.

    Таа, исто така, беше свесна дека Германија е зависна од САД во области како што се безбедноста, одбраната и разузнавачката работа. Меркел не сака да промени било што од ова, и како што денеска истакна нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, таа е „верна на транс-атлантската соработка”. Забелешките на Меркел во Минхен се проширија во американските и британските медиуми. Таа е свесна за експлозивноста на нејзините зборови, како оние на политички собир пред следните избори на 24 септември, кога таа ќе се кандидира против ветеранот  европски парламентарец Мартин Шулц.

    „Ова станува интересна игра за тоа кој е подобар соперник за Трамп”, коментира Кристине Брезина, од германскиот Маршалов фонд. „Изгледа дека ова ќе стане дел од кампањата. Дали ново лице е она што на најдобар начин ќе биде соперник на претседателот Трамп и ќе може да спречи Трамп да го добие тоа што го сака? Или  дали доверливо и искусно лице, меѓу другото и во односите со Трамп, е она што ќе биде подобро?”

    На пример, Меркел го поддржува повикот  Германија да потроши  2 отсто од бруто домашниот производ за одбрана – клучно барање на Трамп за членките на НАТО – на што Шулц силно се противи.

    „Значи,  сега фокусот е Европа. Пораката на Меркел, иако не сосема нова, но сè повеќе и повеќе итна, е дека Европа – која веќе страда од заминувањето на Велика Британија како членка на ЕУ – мора да ја преземе одговорноста за својата сопствена судбина. Што е огромен предизвик, особено во областите како што се безбедноста, одбраната и разузнавачката работа.

    Германците сега мора да се помират со значителна надградба на своите вооружени сили и испраќање на нивните војници почесто во војна. Тоа се работи што луѓето, со својата историска меморија на две катастрофални светски војни, не сакаат да ги размислуваат, а за кои главната опозициска Социјалдемократска партија сигурно ќе се држи против Меркел во изборната кампања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира